Попладнево во семејна куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес се случила семејна крвава драма кога поранешен партнер со повеќе убоди од остар предмет ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, а на крајот се самоубил, исто така со убоди од остар предмет, информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.
Според првични, сè уште непотврдени податоци, жената и претходно го пријавувала насилникот во полиција поради закани кон неа и нејзиниот родител, а во минатото имало и инцидент кога било запалено нејзиното возило.