Двојно убиство и самоубиство по заложничка драма во Прилеп

120

Вооружен маж од Прилеп застрелал двајца, а потоа се самоубил во драматичен настан на кој му претходела заложничка криза. Според неофицијалните информиаци станува збор за зет и внук на мажот кој пукал. Трагичниот инцидент се случил во прилепската населба Точила.

Инцидентот е потврден, но без да се дадат дополнителни детали.

Прилепчани сведочат за засилено полициски присуство, а на местото на настанот имало и специјални полициски сили.

Од МВР и Обвинителството се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ