„Двојна среќа по грешка“: Освоил 2 милиони долари купувајќи два идентични лото ливчиња

132

Човек од Масачусетс, САД освои вкупно 2 милиони долари откако купи два идентични лотариски билети за истото извлекување на „Пауербол“ (Powerball), соопштија денес претставници на лотаријата.

Пол Коркоран од Финчбург го купил првиот билет за седум последователни извлекувања, но, верувајќи дека последното извлекување веќе било одржано, купил друг билет со исти броеви за 9 јули, објави „Еј-би-си њуз“.

Се покажа дека двете ливчиња се добитни, секое во вредност од 1 милион долари.

„Двете ливчиња се совпаѓаа со сите пет бели топчиња извлечени таа вечер“, се вели во соопштението на компанијата.

Коркоран ја подигна наградата на 11 јули во седиштето на Државната лотарија во Дорчестер. Тој сè уште не одлучил како ќе ги потроши своите добивки, но рече дека „чувството на победа му значи многу“. Добитните билети се купени на две различни локации – супермаркет во Финчбург и бензинска пумпа во Леоминстер.

Од лотаријата „Пауербол“ наведуваат дека вкупните шанси за освојување на која било награда се еден спрема 24,9, додека шансите за освојување на џекпотот се еден спрема 292,2 милиони.

Коркоран сè уште не дал никакви изјави за медиумите, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ