Дводневен самит на Г20 без САД: Праведна енергетска транзиција, пофер експлоатација на критичните минерали во фокусот

14
epa11910176 G 20 signage at the G20 Foreign Ministers meeting at Nasrec Expo Centre, Johannesburg, South Africa, 20 February 2025. The meeting of the G20 Foreign Ministers leads up to the The G20 Summit in November 2025 in Johannesburg that will bring together leaders from 55 nations and organizations. EPA/KIM LUDBROOK

Нацрт-текстот на конечната декларација на лидерите што присуствуваат на самитот на Г20 овој викенд во Јужна Африка е финализиран, изјавија за „АФП“ јужноафрикански дипломатски извори, пренесе „Бета“.

Нацрт-текстот е резултат на интензивни преговори што се водат од неделата од страна на политичките претставници на земјите од Г20 претставени во Јоханесбург, во отсуство на САД, кои го бојкотираат состанокот.

Самитите на Г20, група составена од 19-те најголеми економии во светот, Европската Унија и Африканската Унија, традиционално завршуваат со заедничка декларација на лидерите во која се сумираат точките на консензус постигнати за економските прашања, борбата против климатските промени и глобалното управување.

Официјалната агенда на дводневниот самит во Јоханесбург се фокусира на одржливоста на долгот за земјите со ниски приходи, финансирање на „праведна енергетска транзиција“ и пофер експлоатација на критичните минерали, со кои е богат африканскиот континент.

Дипломатски извори потврдија дека навистина е подготвен нацрт-текст и дека ќе биде испратен до лидерите, неопходен чекор за усвојување на конечна заедничка декларација.

Вообичаениот наслов на документот, „Декларација на лидерите на Г20“, е променет, додадоа изворите, без да откријат како ќе биде насловена декларацијата.

Американските власти го информираа јужноафриканскиот претседател дека се противат на објавувањето на конечното соопштение на Г20, наведувајќи го нивното отсуство од самитот, чии „приоритети се во спротивност“ со политичките позиции на Вашингтон.

Лидери на Г20 вчера почнаа да пристигнуваат во економската престолнина на Јужна Африка, вклучувајќи го индискиот премиер Нарендра Моди, бразилскиот претседател Лула да Силва, францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Јужна Африка треба да им го предаде ротирачкото претседателство со Г20 на САД во недела. На церемонијата ќе присуствува вршителот на должноста амбасадор на САД во Преторија.

Следниот самит на Г20 ќе се одржи во декември во Мајами, на голф терен во сопственост на семејството Трамп.

ИЗДВОЕНИ