ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ГО ОДБЕЛЕЖА ВТОРИОТ РОДЕНДЕН – Димитриевски: Станавме фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Влеговме во  Владата врз база на нашата Програма која стана дел од Владината Програма. Ја презедовме одговорноста. Побаравме и добивме одговорни ресори, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација. Нашата цел не беа фотелјите, нашата цел се резултатите. Реформите во овие ресори, кои се од голема  важност за функционирањето на целата држава  се спроведуваат, проблемите се решаваат - потенцира Димитриевски.

192

Одбележуваме почеток на еден поинаков пристап во политиката во нашата земја и знам дека сме на вистинскиот пат Македонија да ја направиме поубаво место за живеење, порача денеска Максим Димитриевски, лидерот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на одбележувањето на втората година од постоењето. Пред присутните 400 гости тој нагласи дека ЗНАМ е континуитетот на она што Македонија ја прави држава на македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во неа од Крушево до АСНОМ и потоа.

-Создадовме политички субјект во кој се обединија луѓе за кои етиката, моралните норми, чесноста и посветеноста  се дел од  секојдневното делување и животот во целина. Разработивме нови политики коишто ги преточивме во Програма  со конкретни  решенија и тоа им го понудивме на граѓаните. И денес, одбележувајќи го вториот роденден, можеме со задоволство да констатираме дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е политички субјект кој е препознаен и етаблиран на македонската политичка сцена, со членство кое постојано расте и има стабилна партиска инфраструктура во 53 општини во Македонија и  градот Скопје – нагласи Димитриевски.

Тој истакна дека со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето.

-Влеговме во  Владата врз база на нашата Програма која стана дел од Владината Програма. Ја презедовме одговорноста. Побаравме и добивме одговорни ресори, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација. Нашата цел не беа фотелјите, нашата цел се резултатите. Реформите во овие ресори, кои се од голема  важност за функционирањето на целата држава  се спроведуваат, проблемите се решаваат – потенцира Димитриевски.

Според него, Движењето ЗНАМ на локалните избори успешно ја реализирало зацртаната цел со освоени 39 илјади гласови на советничките листи и 44 советници во општините и градот Скопје, како и  градоначалничко место во Куманово. Тој ги ги реафирмираше петте главни столба на кои се темели политиката на партијата: Интеграција на Република Македонија во Европската Унија, Република Македонија како современа, демократска, модерна, европска држава, втемелена на илинденските и на асномските вредности, РепубликаМакедонија како самоодржлива држава, Република Македонија како држава што испорачува правда за сите граѓани, која промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал, корупцијата и ефикасна борба против организираниот криминал и Стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава.

-Тие се меѓниците  кои ја дефинираат Македонија како национална  држава на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во неа,  припадници на различни етнички заедници. Нашата заложба Македонците, како народ кој ја основал оваа држава, да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава, полека, но сигурно се реализира и неправдата што ја имаше во изминатите години се исправа – појасни тој.

Тој се осврна и на членството на Македонија во НАТО, како гарант на мирот и стабилноста на државата и нејзиниот територијален интегритет и безбедносен интегритет. Нагласи дека САД и односите што ги имаме со нив  се од исклучително значење за нас бидејќи се покажа дека секогаш можеме да сметаме на нивната помош и поддршка. Лидерот на ЗНАм потенцира дека Македонија не отстапува од определбата за членството во Европската унија.

„Во  Европа да, но со зачувани достоинство и самобитност. Во  Европа да, но со високо крената глава, како и сите други“, нагласи тој.

Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски се осврна и на работата што треба да се заврши дома за да се постигнат целите надвор. Како еден од факторите за тоа, тој ја посочи внатрешната сплотеност и единство помеѓу сите политички чинители во земјата, за што Движењето подготви Национална Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии.

-Во ЗНАМ сеуште сметаме дека има време  Македонија да се обедини и да се врати на Крушевските и АСНОМ-ските принципи. Само како средена, стабилна, праведна и модерна држава, со економски развој, со доверба во институциите нашиот пат е сигурен и безбеден и ќе може да имаме успех дома, но и на меѓународната сцена – рече Димитриевски.

ИЗДВОЕНИ