Двесте жители добија субвенција за велосипед и е-тротинет

29

Општина Центар информира дека се исцрпени средствата за субвенционирање на велосипеди, електрични велосипеди и е-тротинети во рамки на јавниот повик „Цел Центар на точак“. Од вкупно предвидените 600.000 денари, субвенционирани се 197 жители на Општина Центар, додека јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема останува активен.

– Проектот „Цел Центар на точак“ е потврда дека центарци се подготвени да направат вистински избор за поеколошки и поодржлив начин на движење низ градот. И овој пат интересот беше толку голем што за кратко време се искористија средствата. Ова е доказ дека сме на вистинскиот пат – нагласи градоначалникот, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар информираат дека овој долгогодишен и популарен проект предвидува субвенции за купување велосипед, електричен велосипед или е-тротинет, во износ од 30 проценти од цената, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенции за набавка на  дополнителна опрема во износ од 30 отсто од цената, но не повеќе од 1.000 денари.

– Под дополнителна опрема се подразбираат: детско седиште, заштитна кацига, осветлување, катадиоптри, ѕвонче, безбедносна сајла, катанец и други елементи што го зголемуваат нивото на безбедност при користење – појаснуваат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ