Екипата на Работнички се засили со две нови имиња во ростерот за продолжението од сезоната. Скопскиот тим ги ангажираше Александар Костоски и Младен Грушановиќ.
Костоски, чие доаѓање беше најавено уште во декември, официјално ќе го облече „црвено-белиот“, а во тимот доаѓа како слободен играч. Последен клуб за кој настапуваше беше Пелистер, а за Работнички има играно на почетокот од својата кариера, во периодот од 2006 и 2007.
Второто засилување е Младен Грушановиќ, кошаркар добро познат на македонската јавност. Тој претходно настапуваше за Гостивар и игра на позицијата крилен центар. Грушановиќ е поранешен младински репрезентативец на Србија и има искуство и од АБА 2-лигата, каде што беше дел од тимот на Ловќен.











