Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска кај Зелен пазар/ВИДЕО

85
screenshot

Пожар избувнал ноќеска во центарот на Скопје, во близина на Зеленото пазарче, во кој бил зафатен автомобил од засега непознати причини. Огнот, кој започнал од паркиран автомобил, зафатил уште едно возило и се проширил на магацинот на маркетот во непосредна близина.

Според очевидци, при пожарот се слушнале и експлозии.

На терен интервенирале три противпожарни возила, чијашто екипа успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење.

На местото на настанот била присутна и полицијата, која спровела обезбедување и истрага за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

ИЗДВОЕНИ