Две тажни години без Ферус Мустафов кралот на ромската музика  

20

Тој остави празнина која во наредните педесетина години нема кој да ја надополни!  

 Кога светски познатиот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов пред две години замина на оној свет, остави празнина која нема кој да ја надополни, не барем за наредните педесетина години.

Роден е во Штип, а потекнува од муслиманско-ромско семејство. Син на Илми Јашаров, кој со професионална кариера започнал на седумнаесетгодишна возраст.                     Тогаш  студирал виолина и кларинет. Во тоа време бил поканет да оди на турнеја со бендот кој го водеше познатиот Тома Чрчев. Големиот успех кој го постигна на турнејата го премислило да продолжи понатаму со студиите. Се откажал од академското учење за да стане професионален музичар. Но, затоа естрадата и самата сцена низ огромен број настапи и свирки од него создадоа големо музичко име кое дури и Англичаните го величаа, ословувајќи го со „Кралот на ромската музика и свирка“.

Животот го однесе од Скопје во Сараево каде што се стекнува со мегапопуларност низ некогашните југословенски простори. По војната во Босна и распаѓањето на Југославија се врати во своето Скопје. Тука станува и директор на музичката редакција во рамките на програмата на ромски јазик на Македонската телевизија.        Ферус, имаше богата кариера. Настапувал во голем број држави низ  светот, а има снимено десетина албуми, главно со инструментални композиции. Тој е воедно главен лик во расказот „Аферата Џон Колтрејн“ на македонскиот писател Иван Шопов од 2018 година.

На денот на погребот најтажниот ден за неговото семејство и почитувачите на неговата музика му свиреше „Бетовен трио“ на Војниот оркестар. Ферус Мустафов беше испратен од голем број музичари, пејачи, негови колеги. Неговото вечно почивалиште е на скопските гробиштата „Камник“.

 

 

ИЗДВОЕНИ