
Португалскиот гигант Бенфика доби сериозна конкуренција во турскиот суперлигаш Фенербахче кога е во прашање францускиот интернационалец од редовите на Ал Итихад, Карим Бензема. Се погласни се шпекулациите дека искусниот напаѓач сака да се врати во Европа, а пред неколку недели, контроверзниот тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, изјави дека би сакал повторно да соработува со поранешниот фудбалер на Реал (М).











