вторник, февруари 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Две нови авио-линии од скопскиот аеродром од јули

Две нови авио-линии од скопскиот аеродром од јули

25

Вицепремиерот Александар Николоски преку објава на својот фејсбук профил информираше дека од скопскиот аеродром ќе бидат воведени уште две нови авиолинии кон Италија.

Како што соопшти, од 18 јули од Меѓународен аеродром Скопје ќе може да се лета до Алгеро на Сардинија, додека од 15 јули ќе биде воспоставена и авиолинија до Палермо.

Новите линии ќе ги оперира Wizz Air, а според најавите се очекува дополнително зголемување на авиосообраќајот на скопскиот аеродром. Николоски посочи дека 2025 година била рекордна за аеродромот со над 3,2 милиони патници, а со воведувањето на новите дестинации, како што наведе, Скопје се позиционира како лидер во регионот.

Дополнително, најавено е и зголемување на бројот на летови и патници на постојните линии, како и стационирање на нов авион од најновата класа Airbus A321 Neo на скопскиот аеродром.

Вицепремиерот нагласи дека станува збор за сезонски линии кои ќе оперираат во текот на летната сезона и за кои не се предвидени субвенции, што според него претставува дополнителен квалитет и показател за растечки комерцијален интерес за скопскиот аеродром

ИЗДВОЕНИ