Две лица загинаа, а 13 други беа повредени во нападот врз Киев синоќа, објави денес полициската управа во Киев на својата Фејсбук страница.
Според соопштението, телото на 36-годишен маж е извлечено од под урнатините во населбата Десњански во главниот град, а втората жртва е 58-годишен маж од истиот дел од градот, пренесува Укринформ.
До денес, до 12:00 часот, полицијата во Киев веќе примила 80 пријави од граѓани во врска со последиците од рускиот воздушен напад.












