петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Две лица повредени откако со автомобил излетале во Вардар во тетовско Челопек

Две лица повредени откако со автомобил излетале во Вардар во тетовско Челопек

76
фото: TV21

Две лица се повредени откако автомобил синоќа излета во реката Вардар во селото Челопек.

Од полицијата информираат дека случајот е пријавен во 19:40 часот, дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката.

-Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ИЗДВОЕНИ