Медиумите пренесуваат дека дел од мостот се урнал кога одеднаш преку него поминувале многу луѓе.
Како што беше соопштено во првичните извештаи, некои биле однесени од водите на надојдената река, па по нив уште се трага.
Се додава дека шест луѓе се во критчна состојба и дека се наоѓаат во болница во индиската држава Махараштри.
Причината за оваа несреќа не е официјално позната.