
Англиските премиерлигаши Тотенхем и Манчестер Јунајтед не успеаа во намерата да ги осигураат услугите на напаѓачот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Рендал Коло Муани. Иако беа подготвени да одвојат сериозна парична сума за обештетувањето, репрезентативецот на Франција ги информирал дека сака да се врати во редовите на Јувентус каде што изминатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер.