Извештајот на Јавното претпријатие за државни патишта за прогресот на работите на трите автопатишта што се градат, а се однесува на периодот од 1 до 31 мај годинава, покажува дека за автопатската делница Тетово – Гостивар се завршени 87 % од експропријациите, на делницата Прилеп – Битола се 78 %, а значителен напредок, споредено со претходниот месец, има за Гостивар – Букојчани – 72 %. Висока реализација има и кај геотехничките истражувања и при проектирањето на трасите.

Договорот со „Бехтел и Енка“, во вредност од 1,3 милијарди евра, беше склучен во март 2023 година. Досега, на изведувачот му се исплатени над 312 милиони евра. Ова е трета исплата од почетокот на годинава – на 22 април беа префрлени 599.794.350 денари, а на 30 април – 524.972.228 денари

 

Дополнителни 11 милиони евра му се префрлени на „Бехтел и Енка“, конзорциумот што работи на трите автопатски делници на коридорите 8 и 10д (Тетово –Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола). Од касата на Јавното претпријатие за државни патишта, за мај се префрлени 681.026.665 денари. Ова е трета исплата од почетокот на годинава – на 22 април беа префрлени 599.794.350 денари, а на 30 април – 524.972.228 денари. Исплати имаше и минатата година или досега на „Бехтел и Енка“ му се префрлени над 312 милиони евра, согласно со договорот склучен во март 2023 година, за кој првичните проекции се дека ќе чини 1,3 милијарди евра.

Според извештајот од надзорот за прогрес на работите, изведувачот работи турбо на делниците. Конкретно, во мај се работело на геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за откривање експлозивни направи, работи за привремено управување со сообраќајот и за мобилизација, како и градежни активности, главно, за земјени работи и конструкции.

Што се однесува до прогресот на работите, од ЈПДП посочуваат дека се завршени 87 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово – Гостивар, 72 проценти за Гостивар –Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп – Битола. Геотехничките истражувања за делницата Тетово – Гостивар се 100 проценти реализирани, за Букојчани – Гостивар 73 проценти, а за Прилеп – Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 69 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово – Гостивар, од 35 проценти за Букојчани – Гостивар, а 50 проценти за Прилеп –Битола. За делницата Требеништа – Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и на регионот.

За изградба на трите траси на новите автопатишта Тетово – Гостивар (17 километри), Гостивар –Букојчани (околу 17 километри) и Прилеп – Битола (25 километри), „Бехтел и Енка“ има ангажирано 1.929 лица и 1.119 градежни машини.

Ако се работи со вакво темпо како досега, очекувањата на Владата се до 2027 година да бидат изградени сите овие делници и граѓаните да можат да возат по модерни и безбедни автопатишта.

(С. Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ