Две големи засилувања доаѓаат следното лето и тоа бесплатно!

95
epa11962569 Chelsea manager Enzo Maresca (2-L), Christopher Nkunku of Chelsea (L) and teammates shake hands after winning the UEFA Conference League Round of 16, 2nd leg soccer match Chelsea FC against FC Copenhagen, in London, Britain, 13 March 2025. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Летниот преоден рок заврши во повеќето европски лиги и сè е познато во врска со играчите. Еден од најактивните клубови на Островот во однос на трансфер пазарот ова лето беше лондонски Челзи.

Меѓу другите, на „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Џејми Гитенс, Лиам Делап, Џарел Хато…

„Сините“ сериозно се засилија ова лето, а шефот на стручниот  штаб, Енцо Мареска, доби целосна поддршка од раководството.

Иако следниот летен преоден рок е сè уште далеку, сериозни клубови како лондонскиот премиерлигаш веќе планираат за иднината.

Сега, англиските медиуми, поточно „TBRFootball“ откриваат одредени планови што ги имаат лондонските „сини“.

Имено, како што наведува овој извор, Челзи ќе се обиде да ангажира двајца играчи следното лето, а тоа се Марк Гуехи и Мајк Мањан.

Двајцата имаат договори со клубовите што истекуваат следниот јуни, и засега немаат намера да ги продолжат, па затоа ќе бидат слободни агенти.

Челзи претходно беше заинтересиран за Мањан, но поради разликата во цената меѓу нив и Милан, конечен договор не беше постигнат.

Што се однесува до Гуехи, тој долго време беше на пат да си замине од Кристал Палас и беше најблиску до Ливерпул ова лето.

Тој трансфер сè уште не е реализиран, а Челзи сега одлучи да се приклучи во борбата за услугите на овој англиски дефанзивец.

Интересно е да се спомене дека Гуехи ја започна својата кариера токму во Челзи, но никогаш не доби вистинска можност во лондонскиот клуб.

ИЗДВОЕНИ