Министерството за финансии прави планови како да обезбеди 1,3 милијарди евра што се планирани во буџетот за 2026 година. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, најавува износ од 1,3 милијарди евра, кој е преголем за еврообврзница, па е направена комбинација меѓу некакво странско задолжување.
– Планираме во првиот квартал од идната година да издадеме две еврообврзници од по 500 милиони евра со различна рочност, со тоа што таа што ќе биде подолгорочна ќе биде и со повисока камата. За да биде ликвидна обврзницата, треба да биде најмалку 500 милиони евра, само така може да се продава на секундарниот пазар, а ако не се продава, тогаш помал е интересот и повисока е камата – појасни министерката.
Јавниот долг на крајот од третото тримесечје од 2025 година изнесува околу 9,6 милијарди евра, што е околу 57,7 % од БДП.












