сабота, февруари 14, 2026
Дома БАЛКАН Две едномесечни бебиња загинаа во Нови Сад во тешка сообраќајна несреќа

Две едномесечни бебиња загинаа во Нови Сад во тешка сообраќајна несреќа

96

Две едномесечни женски бебиња кои во вторникот беа тешко повредени во сообраќајна несреќа во која учествуваа два патнички автомобили на патот Нови Сад – Зрењанин им подлегнаа на повредите, изјави за РТС, Александар Раденковиќ, од Управата за сообраќајна полиција.

Бебињата вчера биле примени во Детската болница во Нови Сад со исклучително тешки повреди опасни по живот.

Покрај нив, екипата на итната помош од Нови Сад згрижила и транспортирала двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години.

Сите со повеќе политрауматски повреди се пренесени во Ургентниот центар за реанимација, потврди за РТС портпаролот на Институтот за итна медицина, д-р Зоран Круља.

Според неофицијални информации, возачот на патничкото возило од засега неутврдени причини влегол во спротивната лента и директно се судрил со друг автомобил.

ИЗДВОЕНИ