Македонија освои два бронзени медала на 59. меѓународна хемиска олимпијада „Менделеев“, која се одржа од 5 до 13 мај, во Бело Хоризонте, Бразил.
Најголемиот македонски успех на ова престижно натпреварување за ученици, во конкуренција на околу 40 држави, го остварија Петар Мирчевски од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп и Марио Ванчоски од СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип.
Мирчевски и Ванчоски, во последните три години, имаат освоено вкупно еден сребрен и пет бронзени медали на меѓународната сцена, а следен предизвик ќе им биде Светската хемиска олимпијада IChO 2025, која ќе се одржи во Дубаи.