Вистинска полициска потерница по двајца затвореници се случувала во понеделникот вечерта по регионалниот пат Скопје-Велес. Наместо да се вратат во затворот Идризово, двајцата осудени криминалци кои биле на отпуст, избегале со авотмобил „ренџ ровер“ и не застанале на полицискиот знак.
-Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот, ги соопшти деталите МВР.
Двајцата затвореници се уапсени и вратени во затвор, за бегството дополнително ќе одговараат. Во „ренџ роверот“ пронајдени биле пет мобилни телефони, пари, клучеви од други возила најверојатно да ги користат за бегство од полицијата. Видеоснимка од настанот беше објавени на социјалните мрежи и на неа се гледа дека е блокиран стариот пат кон Велес и присуството на повеќе полициски екипи. (П.А.)