Разорниот тајфун Фунг-вонг ги погоди централните и источните Филипини, оставајќи зад себе две жртви и предизвикувајќи голема штета.
Повеќе од еден милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Според Ројтерс, едно лице се удавило на островот Катандуанес, додека пожарникарите во градот Катбалоган го пронајдоа телото на друга жртва во урнатините на куќа која беше целосно срамнета со земја од бурата.
Супертајфунот, кој се движи кон северозападниот дел од земјата, погоди голема област од регионот Бикол, оставајќи многу области без струја.
Властите затворија неколку аеродроми, вклучувајќи ги Бикол Интернешнл и Сангли во Метро Манила.
Највисоко и второ ниво предупредувања за бура се издадени во неколку провинции.
Министерот за одбрана Гилберто Теодоро ги повика жителите на провинцијата Лузон веднаш да ги почитуваат наредбите за евакуација.
„Ги молиме луѓето да се евакуираат навремено за да се избегнат драматични спасувачки операции во последен момент кои исто така ги загрозуваат животите на спасувачите – полицијата, војската, пожарникарите и персоналот на крајбрежната стража“, рече Теодоро во јавно обраќање.
Војската, во соработка со владата, распореди речиси 2.000 војници за да помогнат во евакуацијата и да спречат понатамошни жртви.
Многу жители на северниот дел на Лузон ги напуштија своите домови и се засолнија во локална спортска сала, која е претворена во привремено засолниште.
– Слушнавме на вестите дека тајфунот бил исклучително силен, па се повлековме на време. Секој пат кога ќе дојде бура, водата влегува во нашата куќа. Минатиот пат нивото на водата беше повисоко од човек – рече Кристофер Санчез, кој побара засолниште кај своето семејство.
Според метеоролошката служба PAGASA, тајфунот ќе се движи кон северозапад во понеделник, а ќе се сврти кон север во вторник, одржувајќи ја својата сила.
До среда се очекува да стигне до Тајванскиот теснец, каде што ќе ослабне пред да го погоди западниот дел на Тајван.
До четврток, според прогнозите, одеднаш ќе ја изгуби силата и ќе помине над островите Рјукиу како ослабен тропски систем, јавуваат агенциите.
❗️🌀🇵🇭 – Super Typhoon Uwan (international name: Fung-wong) is barreling toward the coast of Luzon in the Philippines, with landfall expected this evening.
Packing sustained winds of up to 115 mph, the storm has already prompted the evacuation of nearly a million people… pic.twitter.com/VonvKmbUUg
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) November 9, 2025












