петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца турски државјани се лишени од слобода поради предизвикување пожар во Горно...

Двајца турски државјани се лишени од слобода поради предизвикување пожар во Горно Нерези

66

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:00 часот ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар.

-Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.

ИЗДВОЕНИ