Двајца холандски тинејџери биле пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, за кои се сомнева дека починале од труење.
Според извештаите, холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџоб (57) и неговите синови Мохамед Џамил Јусуф (17) и Мохамед Јаздани (15) престојувале во хотел во центарот на Истанбул и посетиле ресторан во населбата Таксим во петокот вечерта, објави Сабах хабер плус.
Додека синовите наводно јаделе таму, таткото не ја пробал храната во ресторанот.
Утрото, откако слушнале бучава од нивната соба, персоналот на хотелот влегол и ги нашол децата како лежат неподвижни на подот, додека таткото, Мохамед Аџуб, бил во состојба на шок и малаксан. Брзата помош пристигнала на местото и кај двете деца констатирала смрт, додека Аџоб бил однесен во болница.
Член на персоналот рекол дека кога влегле во собата, двете момчиња биле мртви.