Двајца пукале во жител на Слупчане, повредениот е во болница

Престрелка во Куманово

138

Во престрелка пред општинската зграда во Куманово, повреден е 43 годишниот Зекирија Шахини од селото Слупчане општина Липково. Од полицијата информираат дека во него пукале двајца во движење, додека се возел во својот автомобил марка „голф“. Повредениот бил пренесен во болница и според првичните информации бил надвор од животна опасност.

Полицијата реагирала веднаш бидејќи СВР Куманово се наоѓа до општината. Дел од локалните медиуми објавуваат дека повредениот е носител на советничка листа на ДУИ за Липково.

Од ОЈО Куманово велат дека првичните индиции за пукањето  не упатуваат на политички мотиви и оти се проверуваат сите околности за оружениот инцидент.

-Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење . Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага, соопштуваат од Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ