петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца полицајци, наставничка и пожарникар за пари овозможувале побрзо вадење на пасоши,...

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар за пари овозможувале побрзо вадење на пасоши, лични карти и возачки дозволи

20

За пари овозможувале некои граѓани побрзо и надвор од редовната процедура побрзо да извадат лични документи какви што се лични карти, пасоши и возачки дозволи. Ова била шемата која од февруари до април 2024 година ја применувале четири лица против кои МВР денеска поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Пријавите се поднесени притив М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, кој во моментот на сторување на делото  со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник  во средно   училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје. Тие, според МВР, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи а со цел стекнување противправна имотна корист.

-Трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои  им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел  дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски – соопшти МВР.

Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување  со јасно распределени улоги.

-Тие создале паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги – се наведува во информацијата на полицијата.

 

ИЗДВОЕНИ