Петмина граѓани на Србија се повредени во експлозија на плинска боца во сместување во грчкото одморалиште Аспровалта, а двајца од нив добиле сериозни изгореници.
Маж добил изгореници од прв и втор степен на околу 40 проценти од површината на телото, додека жена е повредена со изгореници од прв степен на 20 проценти од телото.
Двајцата биле итно префрлени во специјализираната болница „Георгиос Папаниколау“ во Солун, каде што, според последните информации, се во стабилна состојба, објавува „Прототема“.
Έκρηξη φιάλης υγραερίου στην Ασπροβάλτα: «Είχε εγκαύματα σχεδόν σε όλο του το σώμα» λέει διασώστρια στο https://t.co/Tpqya0iKvq για τον 41χρονο που τραυματίστηκε σοβαράhttps://t.co/G47SOoLtCm
— enikos.gr (@enikos_gr) August 7, 2025
Другите повредени српски туристи се здобиле со полесни повреди и им е укажана лекарска помош на лице место.
Грчките власти спроведоа истрага, а сопственичката на станот е приведена, додека се чекаат резултатите од вештачењето за причината за несреќата, објавува „Прототема“.
Според очевидци, луѓето истрчале од зградата во состојба на шок, некои со исеченици од скршено стакло.
„Видов луѓе во паника, имаа повреди од стаклото“, рече жена која била сведок на инцидентот.
Итните служби реагирале брзо, а првите амбулантни возила пристигнаа на местото на настанот во рок од три минути по приемот на повикот.
Експлозијата предизвика голема материјална штета во зградата и паника кај туристите кои се нашле во близина. Министерството за надворешни работи на Србија ја следи ситуацијата и е во контакт со локалните власти и болницата.
Инцидентот се случил денес околу 15 часот, кога од еден од изнајмените станови одекнала силна експлозија, предизвикувајќи паника кај присутните.
Уапсена сопственичката на куќата во Аспровалта каде во експлозија се повредени пет српски туристи