среда, февруари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца млади мажи пронајдени мртви во викендичка во гостиварско

Двајца млади мажи пронајдени мртви во викендичка во гостиварско

1628

Гостиварската полиција објави дека се најдени две починати лица во викендичка во село Горна Ѓоновица, Гостиварско. Двајцата биле од Скопје, а при увидот не биле забележани траги на насилство.

„На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд-куќа во с. Горна Ѓоновица, Гостиварско, се пронајдени починати Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увид на екипа од СВР Тетово“, соопшти полицијата.

Полицијата не даде детали за причината за смртта, но најверојатно е задушување со јаглерод моноксид.

ИЗДВОЕНИ