Двајца мажи се уапсени во Детроит: Осомничени се за подготовка на терористички напади

62

Двајца мажи се уапсени во Детроит поради сомнеж дека подготувале терористички напади на угостителски објекти каде што се собираат припадници на ЛГБТ заедницата, соопштија денеска американските власти.

„Нашите американски херои спречија терористички напад“, порача американскиот министер за правда Пам Бонди.

Судот соопшти дека Мохамед Али и Маџид Махмуд, со помош на соучесници, собрале големо количество оружје, заради терористички напад инспирирани од активностите на организацијата Исламска држава.

Наведено е дека Махмуд неодамна купил 1.600 куршуми за полуавтоматска пушка и дека со соработниците вежбал во стрелиштата.

Адвокатот на Али, Амир Маклед наведе дека овинението е резултат на „хистерија“ и „предизвикување страв“, објави „АП“.

ИЗДВОЕНИ