Двајца малолетници уапсени при обид да превезат мигранти кај кумановско Речица

0
Фото: МВР

Во атарот на селото Речица, кумановско, во неделата вечерта полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.

Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење.

Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.

Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан.

По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.

Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ