22-годишен дипломец без претходно искуство во владата или безбедноста сега раководи со тим во Министерството за внатрешна безбедност на САД, задолжен за спречување на тероризам.
Томас Фулгејт, поранешен практикант во конзервативната Фондација Херитиџ и самопрогласен републиканец на Трамп, е именуван на лидерска позиција во Центарот за програми и партнерства за превенција (CP3), кој работи на борба против тероризмот, пукањата во училиштата и други форми на насилство од омраза.
Задачите на центарот вклучуваат управување со програма за грантови од 18 милиони долари за локалните заедници за борба против насилниот екстремизам, според британскиот „Индипендент“.
Веста за назначувањето на неодамнешниот дипломец на Државниот универзитет во Сан Антонио предизвика загриженост кај експертите за борба против тероризмот, објавува „ПроПублика“.
„Звучи како да поставуваат практикант на чело на целиот оддел“, рече еден истражувач со искуство во работата со CP3.
„Влегуваме во многу опасна територија“, додаде друг долгогодишен службеник за борба против тероризмот.
Службениците реагираа на назначувањето во време кога Соединетите Американски Држави беа потресени од низа насилни инциденти, вклучувајќи го и неодамнешниот напад во Болдер, Колорадо, смртоносна пукотница во која загинаа двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон и автомобил-бомба пред клиника за ин витро оплодување во Калифорнија.
Повеќе на: Телеграф.рс