сабота, февруари 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дваесетгодишник од кумановско загина по удар со мотоцикл во бетонски столб

Дваесетгодишник од кумановско загина по удар со мотоцикл во бетонски столб

587

Момче на 20 години од кумановско починал, откако со мотоцикл удрил во бетонски столб во атарот на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата.

Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ИЗДВОЕНИ