Загина 20-годишен охриѓанец во сообраќајка на патот Ресен – БитолаAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 18/08/2025
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13:00 часот на патот Ресен – Битола, кај месноста Слечиште, на еден километар после Макази во правец кон Битола.
Во несреќата учествувале два автомобила – мерцедес со странски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен маж од Битола со живеалиште во Германија, и опел со охридски регистарски таблици во кое се превезувале двајца 20-годишни охриѓани.
Според СВР Битола, возачот на мерцедесот починал на лице место, додека едно од двете млади лица од опелот им подлегнало на повредите во Клиничка болница Битола. Другиот патник е хоспитализиран.
Од полицијата велат дека увидот е во тек и дека наскоро ќе бидат познати повеќе информации за причините за несреќата.