Во нападите на Израел и САД врз Иран, кои започнаа викендот, се убиени 20 одбојкарки! Имено, тие биле убиени во напад врз спортска сала во јужен Иран, објави иранскиот телевизиски канал „Ал Мајадин“, што подоцна беше потврдено и од други извори. Неофицијално, повеќе од 100 лица беа повредени.

–Дваесет одбојкарки загинаа како резултат на израелската агресија насочена кон спортска сала во градот Ламерд, во покраината Фарс, соопшти претходно споменатиот телевизиски канал, повикувајќи се на локалните власти, додека претходно во текот на денот Израел изврши напад врз спортска сала во градот Ламерд во јужен Иран, при што првично беа убиени повеќе од 15 лица, вклучувајќи деца кои во тој момент биле во салата.

Светската одбојкарска федерација (FIVB) се огласи за ова ужасно злосторство, осудувајќи го убиството на млади одбојкари кои беа невино убиени во нападот на Израел и САД.

  • Светската одбојкарска федерација е шокирана и крајно загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубиле животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите погодени од оваа криза што се одвива, се вели во соопштението, додавајќи:
  • Покрај тоа, десетици илјади членови на нашето големо одбојкарско семејство во регионот се раселени и се соочуваат со многу неизвесна иднина. Фокусот на FIVB сега е на обезбедување на безбедноста на сите одбојкари, тренери, персонал и волонтери кои се наоѓаат или живеат во регионот што моментално е погоден од конфликтот. FIVB формираше посветена работна група за забрзување на оваа хуманитарна работа во реално време, работејќи со влади, невладини организации и други релевантни тела. FIVB цврсто верува во важноста на соработката, дијалогот, мирот и солидарноста. Во согласност со овие вредности, FIVB ја повикува меѓународната заедница да помогне во деескалацијата и наоѓањето мирно решение, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ