Полициски службеници од ОВР Ресен ноќеска го лишија од слобода Д.К.(27) од ресенското село Јанковец. При сообраќајна контрола, полицијата сопрела патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал дваесет и седумгодишникот и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.