Во населеното место Раштак започна изградбата на величествен христијански симбол: дваесет и еднометарски крст, кој ќе се издига како сведоштво за верата и сплотеноста на нашиот народ.
Од Општина Гази Баба информираат дека иницијативата произлегла од самите граѓани и од црковниот одбор, како израз на љубовта кон Бога и кон родното место.
-Овој чин е доказ дека кога сме обединети околу вистински вредности – верата, традицијата и иднината – можеме да создадеме нешто свето и трајно – истакна градоначалникот на Општина Гази баба, Бобан Стефковски.
Тој изрази голема благодарност до сите жители на Раштак кои како што нагласи, со својата поддршка и посветеност уште еднаш покажале дека заедништвото е нашата најголема сила.
-Нека Бог ја благослови изградбата, да се доврши успешно, и сите заедно да се собереме во радост и молитва на денот на неговото осветување – заклучи Стефковски.