Два земјотреси со јачина од 4,8 и 5,4 степени според Рихтеровата скала го погодија островот Акусеки во југозападна Јапонија утрово, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Утрово беа евакуирани уште 46 жители на островскиот ланец Токара во југозападна Јапонија откако серија земјотреси го погодија подрачјето од 21 јуни, соопштија локалните власти.
Островскиот ланец Токара регистрирал повеќе од 1.300 земјотреси од 21 јуни, а евакуацијата на жителите започна по земјотресот со јачина од 5,5 степени во четвртокот.