Два танкера беа погодени денес во Црното Море, што предизвика нивно запалување, соопштија турските власти, а извештаите покажаа дека екипажите на двата брода се безбедни.
Базата на податоци OpenSanctions, која ги следи поединците или организациите вклучени во избегнувањето на санкциите, ги опишува двата танкера како дел од руската „флота во сенка“, термин што го користи Москва за да ги избегне санкциите воведени поради нејзината инвазија на Украина.
Турските власти соопштија дека „Каирос“, кој пловел празен под гамбиско знаме кон руското пристаниште Новоросијск, се запалил на околу 45 километри од брегот на турската покраина Коџаели. Турските власти обвинија „надворешно влијание“ за пожарот, без да дадат детали, , пренесе „Бета“.
Околу еден час подоцна, турските власти соопштија дека втор танкер, „Вират“, бил погоден во Црното Море на околу 65 километри од турскиот брег. Тие не дадоа дополнителни детали.
Турските власти соопштија дека сите 20 членови на екипажот на „Вират“ се безбедни, иако е пријавен густ чад во машинската просторија.
Гувернерот на покраината Коџаели, Илхами Акташ, изјави дека сите 25 членови на екипажот на „Каирос“ се безбедно евакуирани.
Акташ одби да коментира што ги предизвикало пожарите или дали танкерите биле погодени од морски мини, но рече дека властите ќе издадат „појасна изјава“ откако ќе заврши истрагата.
САД го ставија „Вират“ на „црната листа“ во јануари, по што следуваа Европската унија (ЕУ), Швајцарија, Велика Британија и Канада, според податоците од веб-страницата „ОпенСанкции“. „Каирос“ е под санкции на ЕУ, Велика Британија и Швајцарија од ова лето.
Explosion in turkey pic.twitter.com/ZyRtiHm1Dn
— DarkGalaxy🖤 (@WeirdGalaxy2025) November 28, 2025












