сабота, јули 11, 2026
Дома БАЛКАН Два посилни земјотреси ги погодија Сплит и околината во 10 минути

Два посилни земјотреси ги погодија Сплит и околината во 10 минути

1765

Сплит и неговата околина беа погодени од два земјотреси попладнево денес, со разлика од околу десет минути, со магнитуда од 3,6 и 3,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот со магнитуда од 3,6 степени е регистриран во 17:25 часот, со епицентар на 39 километри од Сплит и 22 километри од Сињ, на длабочина од пет километри.

Во 17:38 часот, во истото подрачје е регистриран нов земјотрес со магнитуда од 3,9 степени, со епицентар на 37 километри северно од Сплит, на длабочина од три километри.

ИЗДВОЕНИ