Два листа со недовршена песна на Боб Дилан достигнаа аукциска цена од половина милион долари

103
Две страници нацрти на една од најпознатите песни на Боб Дилан се продадени на аукција за 508.000 долари, пренесува Н1.

Двата жолти листови содржеле три отчукувани верзии на стиховите на песната „Mr Tambourine Man“, која на крајот не завршила во финалната и снимена верзија, пренесува Deadline. Листовите содржат белешки рачно напишани од Боб Дилан.

Приказната на музичкиот новинар Ал Ароновиц за тоа како настанала песната е исто така вклучена во продажбата. Ароновиц се присети како Дилан дошол во неговиот дом и ја поминал ноќта пишувајќи и уредувајќи текст на машината за пишување на својот домаќин.

ИЗДВОЕНИ