Два европски гиганти подготвени да му понудат на Роналдо едномесечен договор

663
epa11723517 Portugal's Cristiano Ronaldo scores the 2-0 goal during the UEFA Nations League soccer match between Portugal and Poland, in Porto, Portugal, 15 November 2024. EPA-EFE/ESTELA SILVA

Лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе биде еден од тимовите кои ќе се натпреваруваат во проширената верзија на Светското клупско првенство што ќе се одржи во Америка следниот месец.

Тимот од „Стемфорд Бриџ“ се најде во групата „Д“ заедно со Фламенго и ЕС Тунис, но, четата на Енцо Мареска, се уште не го знае својот прв противник.

Имено, тоа ќе биде тимот кој е подобар во плеј-оф дуелот помеѓу Клуб Америка и ЛАФЦ.

Одеднаш се појавија шпекулации дека Кристијано Роналдо би можел да се врати во Англија и да потпише за тим кој игра на Светското клупско првенство.

Англија на ова натпреварување го претставуваат споменатиот Челзи и Манчестер Сити кој е менаџиран од Пеп Гвардиола.

Очигледно ѕвездата на Ал Наср би можел да потпише за еден од овие два клуба и се би требало многу брзо да стане појасно.

Ова, како што тврдат странските медиуми, не би бил долгорочен, туку многу краток договор. Имено, се вели дека челниците на Челзи и Манчестер Сити се подготвени да му понудат на Роналдо договор на еден месец.

Останува да се види дали навистина нешто ќе се случи или Роналдо и следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија. Кој знае, можеби наскоро ќе се врати во Европа и тоа долгорочно.

ИЗДВОЕНИ