Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да падне. Ова го објави украинскиот портал „Милитарњи“, специјализиран за воени теми.
Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лвов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска.
Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал околу два часа во полскиот воздушен простор (бидејќи не летал во сосема права линија).
Според „Милитарњи“, во текот на целото ова време полските системи за надзор не го детектирале дронот.
Во моментот кога се вклучија сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот веројатно веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и го продолжи летот над Полска сè додека не се урнал во 2 часот и 22 минути по варшавско време, пишува украинскиот портал.