Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска во Сараево оствари средба со заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (ГАФТ), Абдулазиз Алсакран. Меѓу другото, станало збор и за можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти, а се разговарало и за развој на Ски-центарот Попова Шапка.

Пред еден месец, владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски за време на посета на Обединетите Арапски Емирати се разговарало и за скијачкиот центар Попова Шапка.

Трговската размена со Саудиска Арабија во моментов изнесува скромни 44 милиони американски долари. На средбата се разговарало за зголемување на размената, за нови иницијативи и за стратешки инвестиции.

ИЗДВОЕНИ