Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната

14

Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната, затоа што цените во декември биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија, Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.

Тој изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените.

– Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на  профитната маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декември, цените во делот на храната и на пијалаците биле намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека ќе продолжи овој тренд и оваа година – изјави Дурмиши.

Минатата година, како што посочи, биле направени повеќе од 20 илјади контроли и биле изречени 2,5 милиони евра казни за оние трговци што се однесувале девијантно и ги зголемиле цените без економска оправданост.

– Мислам дека има повеќе контрола и се работи како што треба – рече Дурмиши.

ИЗДВОЕНИ