ДУРМИШИ: Ригорозни мерки за трговците што ќе измрдаат со цените

36

Ако со следните извештаи се покаже дека девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки, најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и рече дека за мај било очекувано да има зголемување на цените кај основните прехранбени производи, но од друга страна посочи дека има домашни производи со намалена цена.

– Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба. Нашите напори се до крај на годината да достигне максимум 3 проценти. Што се однесува до храната и пијалоците каде спаѓаат основите прехранбени производи имавме намалување на цената за време на мерката и зголемување во мај според податоците на Државниот инспекторат. Во наредните денови чекаме извештај и за јуни, како и податоци од Државен завод за статистика. Кога ќе ги споиме сите податоци ќе анализираме какво е однесувањето од страна на трговците, дистрибутерите и производителите, и ако имаме девијантно однесување или се случува енормно зголемување на цените ќе одиме со поригорозни мерки, или ќе одиме со помал процент на ограничување или ќе ги опфатиме скоро сите производители – рече Дурмиши посочувајќи дека во период на празници забележано е дека трговците ги зголемуваат цените на оние производи кои најмногу се трошат и дека во однос на тоа однапред биле преземени чекори.

Дурмиши претходно најави дека граѓаните преку апликација ќе ги „ловат“ ниските цени во маркетите.

– За таа цел ќе се изработи апликација којашто преку алгоритам ќе ги споредува цените и на граѓаните ќе им покажува кој продукт е најевтин во нивна близина – рече министерот Дурмиши.

ИЗДВОЕНИ