Дурмиши: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии

44

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, присуствуваше на централниот панел на Сараевскиот бизнис- форум 2025, каде што ја сподели својата визија за одржлив економски развој преку реформи, регионална соработка и инфраструктурно поврзување.

На овој меѓународен форум на високо ниво, Дурмиши ги презентираше приоритетите на Владата за привлекување инвестиции и градење сигурна клима за домашните и за странските бизниси. Тој ја истакна важноста на соработката во стратешките сектори како што се дигитализацијата, енергетиката и работната сила, како и посветеноста на градењето одржливи политики што даваат резултати.

– Економскиот развој, создавањето работни места и зголемувањето на довербата на инвеститорите се приоритети што бараат посветеност, стабилност и конкретно дејствување. Тоа го градиме секојдневно, преку одржливи политики и регионална соработка – рече министерот.

ИЗДВОЕНИ