Дурмиши: Нема драстични поскапувања на основните прехранбени производи

11

Министерот за економија, Бесар Дурмиши денеска изјави дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи.

Дурмиши за ова бил усно информиран од директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, но утре, како што изјави, Владата ќе го добие и официјалниот извештај за спроведените инспекциски контроли во текот на мај.

Според министерот, поскапувања има само кај сезонски производи кои не спаѓаат во делот на основните прехранбени.

Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, на повиците може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантира

-Денеска се слушнав со директорот. Утре ќе биде доставена до Влада информацијата за вонредните контроли во мај. Ќе не известат точно како се движеле цените по завршување на мерката. Од она што знам засега, нема драстично зголемување на цените, само на производи кои се сезонски, но тие не спаѓаат во делот на прехранбените основни производи. Од она што усно ме информираше директорт на ДПИ, немаме драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Утре подетално ќе бидеме известени, а извештајот ќе биде доставен и до медиумите и до граѓаните, истакна министерот.

ИЗДВОЕНИ