Познатиот македонски оперски пејач, Игор Дурловски, викендов имаше исклучително успешно деби на престижната сцена на „Театро Колон“ во Ла Коруња, Шпанија. Тој настапи во улогата на Аркел од операта „Пелеас и Мелисанда“ (Pelléas et Mélisande) од Клод Дебиси.

Шпанските критичари едногласно го истакнаа неговиот настап како еден од централните моменти на вечерта. Угледниот „Scherzo“ го оцени како „цврст и впечатлив Аркел“, „Ópera Actual“ го нагласи „убедливото и суптилно изведено толкување“, додека „La Voz de Galicia“ забележа дека неговиот Аркел „звучеше мрачно и длабоко проникливо“.

Со ова деби, заедно со симфонискиот оркестар на Галиција, кој е еден од водечките во Шпанија, Дурловски уште еднаш ја потврди својата меѓународна уметничка позиција, носејќи значајно признание и за македонската оперска традиција на европските сцени, се наведува за настапот.

Фото: Принтскрин

ИЗДВОЕНИ