недела, февруари 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дури 23 отсто од македонските компании не користат ниту една дигитална алатка

Дури 23 отсто од македонските компании не користат ниту една дигитална алатка

28

Само 19 % од анкетираните македонски компании продаваат свои производи или услуги онлајн, што ја става земјата под регионалниот просек и меѓу економиите со најниска застапеност на е-трговијата кај претпријатијата. Ова укажува на тоа дека за голем дел од фирмите онлајн продажбата сè уште не е интегриран дел од деловниот модел, туку исклучок или повремен канал.

Ова го покажа истражувањето на Асоцијацијата за е-трговија за состојбата, очекувањата и за дигиталната подготвеност на компаниите во регионот. Истражувањето опфаќа 1.200 компании од Западен Балкан, по 200 од секоја економија, и ги адресира клучните аспекти на деловното работење, вклучувајќи ги иновациите, технологијата и користењето на е-трговијата.

Добиените одговори за користењето и за достапноста на дигиталните ресурси кај компаниите покажуваат дека дигиталната инфраструктура на македонските претпријатија е фрагментирана и нецелосна, што директно го ограничува развојот на е-трговијата и на дигиталните деловни модели. Четириесет и еден процент од македонските компании имаат веб-страница, што е под просекот на Западен Балкан (45 %), додека само 33 % користат корпоративна електронска пошта (мејл), значително под регионалниот просек од 44 %. Овие основни алатки, кои претставуваат предуслов за онлајн продажба и дигитална комуникација со клиентите, сè уште не се стандард кај македонските фирми.

Уште поизразен е јазот кај понапредните деловни системи. Само 23 % од македонските компании користат компјутерска мрежа, наспроти 32 % на ниво на WB6, а финансиски и сметководствен софтвер користат 31 % од фирмите – приближно со регионалниот просек, но недоволно за поддршка за скалабилна е-трговија. ЦРМ и системи за управување со продажба користат околу една петтина од компаниите, што укажува на тоа дека односите со клиентите и онлајн нарачките сè уште се управуваат со ограничени дигитални алатки. Особено загрижувачки е фактот што само 6 % од македонските компании користат ЕРП-системи, што е двојно помалку од регионалниот просек (12 %), како и тоа што користењето алатки со вештачка интелигенција (ВИ) е речиси занемарливо (1 %), што ја става земјава меѓу најслабо подготвените во регионот за следната фаза на дигиталната трансформација.

Како резултат на ова, ниту една компанија во Македонија не пријавува кѓу најслабо подготвените во регионот за следната фаза на дигиталната трансформација.ористење на сите клучни дигитални ресурси, додека дури 23 % од фирмите изјавуваат дека не користат ниту една од наведените дигитални алатки, повеќе од двојно над регионалниот просек (10 %). Ова јасно укажува дека значителен дел од деловниот сектор сè уште функционира без основната дигитална инфраструктура. Овие наоди потврдуваат дека ограничената употреба на дигитални алатки кај компаниите е една од клучните структурни пречки за развој на е-трговијата во Македонија. Без системска дигитализација на внатрешните процеси, бизнисите тешко може да ја развијат онлајн продажбата како стабилен и одржлив извор на приходи.

– Дигиталниот јаз кај македонските компании не се гледа само кај вештачката интелигенција туку и кај основните деловни системи. Додека само 1 % од компаниите користат ВИ-алатки, едвај 6 % имаат ЕРП-системи, а само 20 % користат клауд-решенија. Без овие основи, е-трговијата тешко може да стане стабилен и одржлив извор на приходи. Без дигитализација и иновации, е-трговијата ќе остане ограничена, а компаниите ќе ја губат конкурентноста и на регионално ниво. За да го промениме ова, потребни се здружени напори и холистички пристап. Добро е што неодамна Владата донесе стратегија за дигитална трансформација, но, секако, останува да ги проследиме спроведувањето и резултатите. Асоцијацијата за е-трговија е посветена да го забрза патот на дигитализацијата, која е основа за развој на е-трговијата – изјави претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска-Станков.

ИЗДВОЕНИ