Шведскиот атлетичар Арманд Мондо Дуплантис повторно ја помести границата на можностите во скокот со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6,29 метри на митингот „Ѓулаи Иштван Меморијал“ во Будимпешта.
Ова е вкупно 13-ти пат во неговата кариера како го подобрува светскиот рекорд, потврдувајќи ја својата доминација во дисциплината. Со овој скок, Дуплантис го подобри својата претходен рекорд и уште еднаш покажа дека е подготвен за големи предизвици на претстојното Светско првенство во Јапонија што ќе се одржи од 13 до 21 септември годинава.
Настапот во Будимпешта беше одбележан со сигурни обиди и целосна контрола во техниката, што ја воодушеви публиката и ги потврди неговите статус и репутација како еден од најдобрите атлетичари на денешницата.
Дуплантис, кој има само 24 години, ја започна својата серија рекорди во 2020 година и оттогаш континуирано ја подобрува границата.